(ВИДЕО) Турција: Две жртви во експлозии на митинг на прокурдска партија во Дијарбекир

Од:

Најмалку две лица загинаа денеска, а 100 се повредени во две експлозии за време на митинг на прокурдската опозициска Народна демократска партија (НДП) во Дијарбекир, соопшти министерот за правда Мехди Екер.

Претходно турскиот министер за здравство Мехмет Мезиноглу соопшти дека најмалку 50 лица се повредени во силна експлозија за време на предизборен митинг на прокурдската ДПН во Дијарбекир, во Југоисточна Турција.

Според телевизијата Си-Ен-Ен-Турк околу 17:50 по локално време се случила експлозија во корпа за отпадоци на 60 метри од бината за учесниците на митингот. Пет минути подоцна се случила експлозија пред трансформатор на плоштадот. Полицијата употребила водени топови за растурање на демонстрантите.

Лидерот на опозициската ДПН Селајахтин Демирташ изјави дека не е јасна причината за експлозиите, истовремено повикувајќи на смиреност.

По двете експлозии дошло и до судири меѓу полицијата и активисти, по што полицијата употребила солзавец и водени топови за растурање на групата.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу подоцна изјави дека не е јасно дали експлозијата на предизборниот митинг на прокурдската ДПН во градот Дијарбекир е организиран напад или инцидент. Давутоглу, кој учествуваше на митинг во југоисточниот град Газиантеп, изјави дека е против секаков вид на насилство.

Во напад на возило на НДП пред два дена беше убиен возач, а пред неколку недели во експлозија на бомба во партиските канцеларии во Адана и соседна Мерсини повредени беа шест лица.

Во недела во Турција ќе се одржат парламентарни избори, што претставуваат сериозен тест за партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој се залага за измена на Уставот и поголеми претседателски овластувања.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ