Неколку илјади граѓани ги пречекаа студентите кои пешачеа 80 километри од Белград до Нови Сад. Жителите на Нови Сад ги поздравија со долги аплаузи, создавајќи линија долга неколку стотини метри, јавува Anadolu.
Колоната студенти и граѓани потоа бучно се движеше низ новосадските булевари до Железничката станица, каде се одржа 15-минутен молк во спомен на 15-те лица кои загинаа во уривањето на настрешницата на реновираната станица на 1 ноември. Тишината конечно беше прекината со силен аплауз.
Nakon dva dana pešačenja, studenti su stigli u Novi Sad! Kakav doček! 💚🥺
Neopisivo smo ponosni na studente i sve ljude koji su dočekivali studente i podržavali ih kroz svoje krajeve.
A sutra svi na sva tri mosta od 15h! pic.twitter.com/JN8uVJJUqk
— Zeleno-levi front (@nedavimobgd) January 31, 2025
Студенти од Универзитетот во Белград положија 15 букети цвеќе пред зградата на станицата и запалија свеќи за настраданите.
Освен аплаузи, Новосаѓани им доделија и медали за издржливоста и храброста.
Заблагодарувајќи се за топлото добредојде, студентите ги поканија граѓаните да им се придружат во денешната блокада на сите три моста на Дунав. Мостовите Жежељев и Варадин ќе бидат блокирани три часа, додека Мостот Слобода ќе биде затворен 24 часа. Блокадата започнува во 15 часот, по повод три месеци од трагедијата на станицата.
Студентите кои започнаа со протести и блокади по несреќата бараат објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица, кривична одговорност за оние кои ги нападнаа демонстрантите и зголемување на буџетот за образование за 20 отсто.
Stižuuuu!
I umorni i radnosni i oni i mi, ali ljudi,
oni nisu zaboravili i na to da u Novi Sad uđu noseći vence cveća za žrtve!
Srce da iskoči… pic.twitter.com/GE3mP0PJL7— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) January 31, 2025
На 01.11.2024 година околу 11.50 часот се урна настрешницата над главниот влез на железничката станица во Нови Сад. Во несреќата загинаа 15 лица, меѓу кои и шестгодишно дете, додека две лица се повредени.
Според вештачењето, до уривање дошло поради корозија на челичните елементи на конструкцијата, што предизвикало намалување на носивоста и евентуално уривање. Истрагата утврдила дека одговорните не ги преземале потребните мерки за одржување и поправка и покрај видливите знаци на оштетување.
Набргу по несреќата беше покрената истрага, а во ноември 2024 година во врска со случајот беа уапсени 11 лица. Вишото јавно обвинителство во декември поднесе обвинителен акт против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. Пријавените се товарат за тешко кривично дело против општата безбедност и неправилно и неправилно изведување градежни работи.
По речиси три месеци од почетокот на протестите, падна српската влада откако премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка. Владата сега функционира на техничко ниво, а се очекува претседателот Александар вучич да објави дали ќе се формира нова влада или ќе се оди на избори. Тој категорично ја отфрли опцијата за преодна или експертска влада за која се залага опозицијата.