Најмалку седум лица загинаа, а 21 се водат за исчезнати, откако се преврте туристички брод, во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.
They are still searching for people from the water @guardian @BBCBreaking @AlJazeera @euronews
.
.
.
.#budapest #news #BreakingNews pic.twitter.com/F1bvAoWI3c— Gabriel Guita (@gabrielguita_) May 29, 2019
Националната новинска агенција наведува дека бродот превезувал 33 туристи од Јужна Кореја и двајца членови на екипажот.
At least 3 people have died and 16 are missing after a tourist boat crashed and sunk in the Danube River in Budapest pic.twitter.com/m5k4l20gdL
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) May 30, 2019
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека се исчезнати 19 лица.
Од туристичката агенција која ја организирала турата по Дунав велат дека меѓу исчезнатите има најмалку едно дете.
Бродот „Сирена“ бил во близина на зградата на унгарскиот парламент и наводно бил удрен од друго туристичко пловило, а потоа се превртел во реката, по големото невреме во Будимпешта.