ВИДЕО: Тепачка сред улица со палки по обид за непрописно вклучување

Од:

Во близина на зградата на МУП во белградската општина Палилула дошло до физичка пресметка, а полицијата набрзо реагирала. Инцидентот се случи утрово, а минувачи се обиделе да ги раздвојат актерите.

Според очевидци, тепачката избила поради сообраќајот, бидејќи момчињата се обиделе неправилно да се вклучат, а другиот возач не им дозволил. Го ’пресекоа’ со возилото и застанаа пред него, а потоа извадија палки и нападнаа“, вели сведокот.

На видеото кое го објави споменатата страница на Инстаграм, може да се види како едно момче лежи на земја, а друго момче му седи на стомак и го спречува да се движи. Тогаш третиот неколку пати удрира со палка едно од момчињата. Имаше метеж и непрекинато се слушаа сирени на возилата кои на тој начин ги предупредуваа да престанат со насилството. Набрзо се собра цела група луѓе кои се обидоа да ја смират ситуацијата.

Повеќе вести

Би можело да ве интересира

Голема тепачка во Аеродром, се истепале шестмина познаници

Во Белград мајка го пронашла својот мртов син, неговото тело се распаѓало

Две момчиња се истепале во Градскиот парк во Скопје

Државен правобранител учествувал во тепачка на деца и возрасни во Струга, има обвинение за пет лица

Горан Наумовски

Маж од Аеродром бил истепан од 24-годишно момче од Скопје

Насилници во Драчево нападнале маж и тројца малолетници