Студентите од Белград, со поддршка на нивни колеги кои допатуваа од Нови Сад нешто пред пладне одбројуваа до истекот на рокот што го дадоа на Министерството за државна управа и локална самоуправа за да одговори на нивните барања, меѓу кои и увид во Избирачкиот список.
Почнувајќи од 11 часот, властите имаа рок еден час да одговорат на барањето.
– Барањето го поднесовме како совесни граѓани, а не како политички опции, здруженија или нешто слично, велат студентите кои бараат увид во избирачкиот список и имаат други барања поврзани со изборни нерегуларности.
Студентите во моментов блокираат неколку поголеми улици во главниот српски град.
Studenti su upravo blokirali ugao Kneza Milosa i Bircaninove.
Sjajna atmosfera, podrska za hrabre studente. pic.twitter.com/tl1Fqf6QSK— Maja Vukas (@M2aja) December 25, 2023
Претходно, група од 345 наставници и соработници на Универзитетот во Белград испратија поддршка за студентските протести.
„Кој краде избори, ја краде иднината. Фалсификување избирачки списоци, пријавување нелегални живеалишта и изборен инженеринг се скандалозен обид на властите уште еднаш да ни ја одземат државата, но овој пат многу повеќе – нашиот здрав разум и последните остатоци од самопочитување“, се наведува во соопштението упатено до медиумите.