Додека претепаното момче лежи на сред улица, покрај кантата за отпадоци, во несвесна состојба, малолетниот насилник продолжува брутално да го тепа – прво го врти, а потоа со сета сила го удира со клоци. неколку пати
Според медиумите кои снимката ја добиле од читалет, инцидентот се случува во Србија.
Се тврди дека нападот врз момчето се случил во Лесковац и се наведува дека насилникот на ова видео е истиот малолетник кој неодамна во полиција признал дека обесил пет кучиња.
Четиринаесетгодишното момче од селото Власе кај Лесковац било пријавено во полиција поради бесење на улично куче. Момчето наводно тогаш признало дека го сторило истото со четири други животни во изминатата година.