По се што се случи во Србија во последните недели, од Чачак доаѓа снимка која повторно загрижува.
Две деца излегле од прозорец на зграда и се шетаат покрај работ. Не е познато дали родителите биле во станот кога децата излегле низ прозорецот од станот, но ова треба да биде предупредување за сите кои мислат дека нивните деца се доволно возрасни и нема да направат ништо неразумно.
Оваа сцена ја снимиле случајни минувачи, а за среќа никој не е повреден.