(ВИДЕО) Србинот кој го сними видеото во Виена: Детето бегаше и викаше

Од:

Српската полиција, како што јави Блиц, во ноќта меѓу саботата и неделата околу три часот по полноќ добила мејл од Виена, во кој српски државјанин наведува дека видел девојче кое наводно наликува на исчезнатата Данка.

Неколку српски медиуми го објавија и мејлот што го добила полицијата заедно со видеото.

“Околу 20:00 излегов од метро станицата и видов дете како бега и вика. Прво гледав, па почнав да снимам. Се се случуваше на трамвајската станица. Имаше две жени со детето кои разговараа На романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговараше“, пишува во мејлот.

Според извор близок до истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција: „Тие веднаш реагирале и одговориле на сите барања кои им биле упатени. Соработката е почната, а локалната полиција започнала истрага и се надеваат за позитивен исход“.

„Нашата полиција веднаш стапи во контакт со Европол, на кој му беа испратени сите познати податоци од тоа видео“, додаде изворот.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка