ВИДЕО: Србија во Крагуевац „се сретна на Сретење“

Од:

Десетици илјади луѓе петнаесет часа го блокираа булеварот Лепенички и поширокиот центар на Крагуевац, поради 15-те смртни случаи што се случија при уривање на настрешница на 1 ноември минатата година.

Први што пристигнаа во Крагуевац, градот каде што во 1835 година беше усвоен сретенскиот уставот, беа студентите кои со денови пешачеа, возеа велосипеди и трчаа за да учествуваат на големиот митинг на Сретење.

Дојдоа од цела Србија – од Ужице, Горни Милановац, Чачак, Краљево, Нови Пазар, Белград, Нови Сад и Ниш.

Ним им се придружи група студенти од Универзитетот во Приштина со привремен штаб во Митровица.

Рано изутрината голем број возила од различни делови на Србија се упатија кон Крагуевац. Заедно со студентите, овојпат имаше и пензионирани припадници на 63-та падобранска дивизија, актери и моторџии…

Овој протест беше одбележан и со оригинални транспаренти од студенти и граѓани кои имаа бројни пораки до власта.

На блокадата во Крагуевац беше прочитано писмо од студентите во кое се вели дека од ноември минатата година не е исполнето ниту едно барање од надлежните институции.

„Се среќаваме на местото каде што се роди српската државност – во Крагуевац. За студентите, Уставот на Сртење е многу повеќе од обичен историографски факт во нашиот студентски паралелен универзум, уставите постојат за да се имплементираат најважните општествени вредности. Писмо без апликација е бескорисно. „Денес сме сведоци на ова, претставуваме генерација која не памети ниту една влада пред оваа“, наведуваат студентите во писмото.

Поддршка за студентскиот протест дадоа и белграѓани кои не отидоа во Крагуевац, туку се собраа на Плоштадот на Републиката.

За време на митингот беше емитуван пренос од протестот од Крагуевац, се емитуваа песните „Стани Србија“, „Таму далеку“, а хорот на блокадата ја изведе и песната „Ова е Србија“.

Во 23 часот и 42 минути граѓаните кои го блокираа центарот на Крагуевац одржаа 15-минутен молк за загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад. Протестот заврши нешто по полноќ, со најава дека следниот ќе се организира во Ниш, в сабота на 1 март.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада од Ниш ќе собираат пари за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Српските студенти одржаа 74 минути молк, 59 за жртвите од Кочани и 15 за загинатите во Нови Сад

ВИДЕО: Студентите кои пешачат од цела Србија се приближуваат до Белград

(ВИДЕО) „Во блокада“ – документарен филм за студентите кои ја затресоа Србија

Катерина Ѓуровски

Студентите ја блокираат и телевизија Војводина, наместо информативна програма се емитува филм