ВИДЕО: Србија не учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да оди во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан.

„Првпат по 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека донел таква одлука за да никој друг не биде виновен и за да не трпи никаков притисок врз Владата.

Тој рече дека разговарал со голем број европски лидери во претходните 24 часа.

„Бескрајно сум благодарен за почитта што ја покажаа Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Верувам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на фактот што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат што точно критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле, а многу сме направиле“, рече претседателот.

Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Зеленски кај Вучиќ во Белград

Катерина Ѓуровски

Вучиќ на одбележувањето на годишнината од „Олуја“: Повеќе нема да има злосторства врз српскиот народ

Вучиќ: Не постојат босански и хрватски Срби – сите сме Срби

А1он

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав

Вучиќ: Го поддржувам предлогот да се истражи како функционери купувале вили во странство

А1он