Повозрасна жена дави девојче бидејќи седела на скалите. Ова видео се споделува на социјалните мрежи со наслов „ дали некој може волку да мрзи деца“
Во објавата се вели дека повозрасната жена е сопственичка на локал и најпрво го полива со вода девојчето, а потоа и физички ја напаѓа и како што се гледа на видеото почнува и да ја дави.
Другарките на девојчето и уште еден маж се обидуваат да ја спречат да го напаѓа девојчето, но таа продолжува.
Во објавата се вели „Се надевам дека оваа жена ќе одговара. Замислете што ли им прави на своите деца, доколку ги има – СТОП ЗА НАСИЛСТВО“
Снимката е направена во Белград, пред трговскиот центар „Зелени Венац“.