ВИДЕО: Снимен моментот кога српската парламентарка е погодена во глава

Од:

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири во парламентот се повредени три пратенички, меѓу кои и една која доживеала мозочен удар.

„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар кога пратениците од опозицијата фрлија врз неа шок-бомба. Нејзиниот живот е во опасност“, рече таа.

Таа моментално е во болница, а Вучиќ веднаш се упати таму, се фотографираше со пратеничката и ја објави сликата.

На социјалните мрежи беше објавено видео од моментот кога, очигледно, шише удира пратеничка во главата.

Засега не се знае кој точно погодил, но според распоредот на седиштата може да се претпостави дека ја погодил некој нејзин колега од СНС.

Димни бомби, тепачки и општо хаос го означија почетокот на пролетната седница на српскиот парламент.

По почетниот хаос кога беа фрлани чадни бомби, јајца и шишиња, ситуацијата во парламентот во меѓувреме донекаде се смири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Возач на автобус (70) сексуално вознемируваше девојка (16)

А1он