Надзорните камери во автобусот го снимиле моментот кога возачот изгубил контрола над возилото и автобусот паднал во езеро во Турција. Возачот се обидувал да се качи на траектот пред несреќата. Тројца патници се пренесени во болница, но никој не се здобил со повреди опасни по живот.
Несреќата се случи во средата на пристаништето за траект Атабеј во источна Турција. Според локалните медиуми, мештаните веднаш дошле на помош, ги искршиле стаклата на возилото и извлекле неколку преплашени патници. Противпожарната служба набрзо пристигнала на местото на настанот и спасила десет патници, пишува Daily Mail.