(ВИДЕО) Сите зборуваат за „чудовиштето“ ураган што ја погоди Анкара: „Ова не се случува!“

Од:

Анкара во средата беше погодена од силен ураган кој уништи голем дел од градската инфраструктура. Уништени се минариња, покриви, згради, а еден запрепастен граѓанин снимил видео кое навистина го покажува целосниот размер на катастрофата. На небото над Анкара во еден момент полета и кауч!

Како што пренесуваат тамошните медиуми, брзината на ветерот изнесувала и до 145 километри на час. На терен имаше дури 1.221 возило на градската служба и 2.565 вработени – кои континуирано интервенираа во последиците од разорниот ураган. Како што соопшти градоначалникот на Анкара, отворена е и специјална линија.

„Летечкиот кауч“, не можеше да помине без бројни коментатори на Твитер.

„Ова не се случува!“, зачудено изјави еден.

„Кутри луѓе…“ напиша друг.

„Дали е тоа птица, дали е тоа авион – не, тоа е кауч!“ се пошегува трет.

Засега не е познато дали има повредени, а штетата од ураганот се уште се пресметува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски