ВИДЕО: Синџири околу институциите во Подгорица

Од:

Граѓаните од цела Црна Гора ги опколуваат режимските институции. Граѓаните се собираат на Плоштадот на Републиката, а опозицискиот блок ги повика сите да учествуваат во окупирање на институциите кои, како што рекоа, се во сопственост на режимот на Мило Ѓукановиќ.

Граѓаните бараат оставка од Ѓукановиќ и формирање техничка влада која ќе организира фер избори.

„Ние не уриваме, ние сме тука за да создадеме вистински, демократски институции“, рече Бранко Радуловиќ од ДФ.

Како што претходно најави лидерот на опозицијата, граѓаните ги опколија институциите а потоа формираа синџири околу нив.

И покрај тоа што опозицијата најави дека протестот ќе биде мирен, полицијата веќе најави дека ќе реагира и дека по 21 часост, кое организаторите го најавија како крај на протестот, одржувањето на митингот нема да биде дозволено.

Во Центарот на Подгорица има силно полициско обезбедување.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба