(ВИДЕО) Силна бура го погоди Дубровник

Од:

Силен дожд го погоди јужниот дел на Хрватска, каде што е во сила црвена временска тревога, а во Метковиќ наврнаа рекордни 162 литри дожд на квадратен метар за десет часа.

Пожарникарите интервенираа на неколку локации и беа ангажирани во испумпување на голема количина вода што го загрози сообраќајот и инфраструктурата во градот.

Во раните утрински часови беше поплавен и автопатот А1, јавуваат хрватските медиуми.

Силна бура го погоди и Дубровник, каде што обилните дождови на градските улици создадоа водопад во градот.

Пожарникарите имале шест интервенции во Дубровник, од кои повеќето се однесувале на отстранување дрвја и гранки од патиштата, испумпување вода од згради, објавува Срна.

Според „Слободна Далмација“, екстремни 103 литри дожд на квадратен метар наврнале во Подгора кај Макарска.

Пообилни грмотевици има и во областа на Имотска крајина, Вргорац, Метковиќ, Сињ.

Обилниот дожд што трае цел ден создава проблеми на многу патишта.

Би можело да ве интересира

Бугари измамиja 79-годишна жена кај Дубровник – и собраа 8.000 евра за „операција на нејзината внука“

А1он

(ВИДЕО) Авиони не можат да слетаат во Истанбул поради силна бура

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Песочна бура во Ирак – 800 луѓе хоспитализирани поради проблеми со дишењето

А1он

Се урна фудбалска трибина во Дубродник, едно лице е повредено

Бурата во Нов Зеланд го наруши сообраќајот, илјадници семејства останаа без струја

Смртоносната бура „Марта“ ја потопи Шпанија: Загинаа две лица