(ВИДЕО) Силна бура го погоди Дубровник

Од:

Силен дожд го погоди јужниот дел на Хрватска, каде што е во сила црвена временска тревога, а во Метковиќ наврнаа рекордни 162 литри дожд на квадратен метар за десет часа.

Пожарникарите интервенираа на неколку локации и беа ангажирани во испумпување на голема количина вода што го загрози сообраќајот и инфраструктурата во градот.

Во раните утрински часови беше поплавен и автопатот А1, јавуваат хрватските медиуми.

Силна бура го погоди и Дубровник, каде што обилните дождови на градските улици создадоа водопад во градот.

Пожарникарите имале шест интервенции во Дубровник, од кои повеќето се однесувале на отстранување дрвја и гранки од патиштата, испумпување вода од згради, објавува Срна.

Според Слободна Далмација“, екстремни 103 литри дожд на квадратен метар наврнале во Подгора кај Макарска.

Пообилни грмотевици има и во областа на Имотска крајина, Вргорац, Метковиќ, Сињ.

Обилниот дожд што трае цел ден создава проблеми на многу патишта.

Би можело да ве интересира

Смртоносната бура „Марта“ ја потопи Шпанија: Загинаа две лица

Страшна бура во Португалија и Шпанија – шестмина загинати, еден милион корисници без електрична енергија

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата

Бура во Обединетото Кралство, стотици училишта затворени, главните патишта блокирани

Во Дубровник на втор ден зима идеално време за капење во море

А1он

Бура во Шпанија предизвика откажувања на летови и затворање на училишта