ВИДЕО: Серија силни земјотреси во Грција: Четири удари за само четири минути

Од:

Серија од четири земјотреси во период од само четири минути ја погоди Грција, во поширокото подрачје на Халкида, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), најсилниот потрес бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес бил регистриран во близина на Мандуди. Иако првично беше објавено дека имал магнитуда од 5,3 степени, EMSC подоцна ја коригираше информацијата и соопшти дека јачината изнесувала 4,8 степени.

Во следните неколку минути следуваа уште три потреси со магнитуда од 4,3, 5,2 и 5,0 степени.

Епицентрите биле лоцирани во близина на Лимни, додека хипоцентрите се наоѓале на длабочина меѓу 5 и 10 километри под површината на земјата.

Земјотресите силно се почувствувале и во Атина, а граѓаните на социјалните мрежи сведочат за силно тресење.

„Лустерите се нишаа, радијаторите се тресеа и ѕвечеа“, „Силно се почувствува и во Атина“, „Во Халкида навистина силно тресеше“, се дел од коментарите на очевидци.

Според првичните информации, земјотресите предизвикале материјална штета, но нема пријави за повредени лица. Противпожарните служби вршат патроли во поширокиот регион и работат на расчистување на одрони и камења од патиштата.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда