Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина денеска се урна во Јабланичкото езеро за време на подготовките за утрешната вежба.
Објавена е снимка од моментот на падот.
Според Људевит Мариќ, портпарол на МУП на ХНК, сите четворица членови на екипажот биле спасени.
– Според првичните информации, еден член на екипажот е повреден и испратен во најблиската болница – додаде Мариќ.