(ВИДЕО) Романија: Одбележани 30 години од револуцијата

Од:

Стотици граѓани на Темишвар излегоа низ централните градски улици со свеќи и знамиња на Романија, во знак на сеќавање на почетокот на бунтот против режимот на романскиот диктатор Николае Чаушеску пред 30 години.

Граѓаните се собраа синоќа навечер во четвртиот по големина романски град, каде на 15 декември 1989 година жителите протестираа против протерувањето на пасторот Лас Токеш, критичар на Николае Чаушеску од црквата, јавија локалните медиуми.

Два дена по почетокот на митинзите за поддршка на пастор Токеш, Чаушеску и нареди на полицијата да пука во луѓе, и тогаш беа убиени околу 60, а повеќе од 2.000 беа ранети.

Демонстрантите пристигнаа во Букурешт на 21 декември 1989 година, а следниот ден Чаушеску и неговата сопруга Елена се обидоа да избегаат со хеликоптер, но беа уапсени, осудени по кратка постапка и егзекутирани на 25 декември.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген