ВИДЕО: Први смртни случаи од омикрон во Црна Гора

Од:

Црна Гора ги регистрира првите два смртни случаи поради инфекција со сојот омикрон. Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора, д-р Љилјана Радуловиќ изјави дека и двата пациенти биле невакцинирани.

Починатите, рече таа, биле на возраст од околу 70 години и со претходни срцеви хронични заболувања. Видот омикрон, посочи таа, е доминантна причина за хоспитализација.

„Од друга страна, анализата покажа дека 70 отсто од пациентите кои имаат омикрон, а кои биле во животозагрозувачка состојба пред седум дена, сега се на добар пат да закрепнат или веќе се на домашно лекување. Оваа информација ни кажува дека омикронот е поблага варијанта и во случај на болничко лекување, од делта сојот“, рече Радуловиќ.

Во овој момент, како што вели, од 40 критични пациенти во КЦ ЦГ, околу 85 отсто се невакцинирани граѓани, објави порталот РТЦГ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски