ВИДЕО: Противниците на Ердоган водат во Истанбул и во Анкара

Од:

Делумното пребројување на гласовите на локалните избори во Турција вечерва покажа дека опозицијата во Истанбул и Анкара имаат поволни перспективи, објавија официјалните медиуми, и покрај тоа што претседателот Реџеп Таип Ердоган е вклучен во кампањата на неговата партија АКП.

Од 33 отсто преброени гласови, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, доби 49,7 отсто од гласовите, додека неговиот главен противник од владејачката партија АКП доби 41,5 отсто. А во Анкара, опозицискиот градоначалник Мансур Јавас доби 56,3 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат 36,3 отсто и тој веќе прогласи победа.

Ердоган, е на власт повеќе од две децении, беше ангажиран во кампањата, особено во Истанбул, економскиот и културниот центар на земјата, чиј градоначалник беше во 1990-тите. Но, според првите резултати тоа не и помогна на неговата партија.

Во останатиот дел од земјата, кандидатите на АКП водат во трката како што се очекуваше во неколку големи градови во Анадолија и Црното Море, кои се упоришта на претседателот Ердоган. Прокурдската партија ДЕМ најверојатно ќе победи во поголемите градови во југоисточниот дел со мнозинско курдско население, вклучувајќи го и Дијарбекир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тројца мртви и десетици повредени во нереди на изборите во Турција

Катерина Ѓуровски

Локални избори во Труција, тесна битка за Истанбул

Официјални резултати од изборите во Турција: Ердоган победи со разлика од два милиони гласови

Горан Наумовски

Турција: Според Анадолија, Ердоган води во вториот круг, според агенцијата АНКА пак води Киличдароглу

Први резултати од вториот круг на изборите во Турција: Ердоган пред нов мандат

Горан Наумовски

Избирачките места во Турција се затворени

Горан Наумовски