ВИДЕО: Протести во Белград, се бара одговорност за несреќата во Нови Сад

Од:

Стотици граѓани се собраа денеска во близина на старата железничка станица во Белград на протест барајќи одговорност од властите за падот на настрешницата во Нови Сад.

Граѓаните се упатија од Железничката станица кон Министерството за градежништво. Пред полицискиот кордон во Министерството се обрати активистот Иван Бјелиќ од организацијата „SviĆe“, а потоа ги повика насобраните на едноминутно молчење за жртвите од несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Насобраните демонстранти истурија црвена боја пред зградата на Министерството за градежништво.

Униформирана полиција е присутна кај зградата на Владата на Србија, а полициски кордон има и пред Министерството, односно меѓу демонстрантите и зградата на Министерството.

Протестот го свика групата „ SviĆe“, чиј активист Никола Ристиќ утрово беше приведен во полициска станица.Организаторите на протестот информираа дека тој е пуштен.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Судот донесе одлука за обвинение за уривање на настрешница во Нови Сад

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Ја загуби ќерката при падот на настрешницата во Нови Сад, но смета дека „Ова не е начин да се дојде до правдата“

А1он