(ВИДЕО) Потресно сведошто на спасител: Сите плачевме кога завршивме со извлекувањето на жртвите во Нови Сад

Од:

Инспекторот во Одделението за вонредни состојби Саша Јершиќ, изјави дека сите спасувачи плачеле по завршувањето на спасувачката акција во Нови Сад откако се урна настрешницата на железничката станица и усмрти 14 лица, додека тројца се сериозно повредени.

Тој особено ја нагласи сцената кога од урнатините беа извлечени телата на двете девојчиња.

– Телата беа едно до друго. И двете беа приковани со тежок бетон, немаше шанси да преживеат. Во тој момент на сите ни дојдоа солзи во очите. Дома имам дете на таа возраст, срцето ми се кинеше – изјави Јершиќ.

Потсетувајќи се на кобниот ден, тој вели дека од моментот кога нивните екипи пристигнале на терен, гледале како да им помогнат на повредените, а прво разговарале со оние кои случајно се нашле на лице место за да можат грубо да знаат каде се наоѓаат луѓето, а во исто време користеле и технологија како што се камерите за термичка слика и оние кои можат да се вметнат во бетонски шуплини.

Речиси сите беа поклопенни во иста линија, најмногу околу клупите. За жал, никој од нас не очекуваше дека има толку многу луѓе долу. Прво ги слушнавме гласовите на тешко повредени жени. Пред моето доаѓање колегите го извлекоа повредениот млад човек и тој веќе беше пренесен во болница. Кога стигнавме до девојката која беше повредена, веднаш се виде дека дебел бетон и е над нозете, таа велеше: „Помогни ми, тргни ми го, што чекаш!“ викаше несреќната девојка, не знаејќи дека треба внимателно да процениме како да го поместиме бетонот од нејзините нозе, бидејќи постои можност да ја повредиме уште повеќе. Во моментот кога почнавме да го креваме бетонот од нејзините нозе, дел почна да се руши. Имаше екипи за итна помош и екипа подготвена да и ги ампутираат нозете. Тоа не сакавме да го дозволиме додека не направиме се за да и ги спасиме нозете – изјави Јершиќ.

Според него, набрзо го слушнале гласот на друга девојка.

Во петокот околу 11:50 часот се случи трагедија на Железничката станица во Нови Сад кога се урна настрешницата на станицата. Во оваа несреќа загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

(ВИДЕО) Ученици го блокираа сообраќајот во Нови Сад, маж излезе од автомобил и ги нападна

Горан Наумовски

Злосторство во Нови Сад – син ја уби мајка си со нож

А1он

Оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад

Горан Наумовски

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски