Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот на 26 март во Банско поле кај Бор, а нејзината судбина оттогаш не е позната. Потрагата по неа влегува во шестиот ден.
Но, иако полицијата од првиот ден ги вложи сите сили и ресурси во пронаоѓањето на двегодишното девојче, постои опасност случајот да се „олади“ со текот на времето.
Во случај тоа да се случи, во наредните денови ќе биде се потешко да се најдат клучни докази кои би ја откриле судбината на Данка Илиќ.
Токму затоа полицијата секојдневно ги испрашува Милош Илиќ и неговата сопруга Ивана – таткото и мајката на исчезнатото девојче – за да успеат да најдат некоја нова, клучна трага во нивните изјави, која можеби претходно ја игнорирале.
Се очекуваат и форензичките наоди од мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ, како и базните станици и камерите за видео надзор, бидејќи немањето конкретни индиции отвора бројни сомнежи за тоа што се случило со девојчето. Некои од нив се дека можеби паднала во блискиот канал долг 4,5 километри, кој полицијата и пожарникарите го прегледаа, но се стравува и од киднапирање.
Сепак, иако постои загриженост, се уште нема одговор на прашањето кој би бил мотивот за можното киднапирање на двегодишното дете.
Што знаеме досега за исчезнатата Данка Илиќ
Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка Илиќ, петти пат беше во полициска станица
Милош Илиќ, таткото на исчезнатото девојче, вчера бил сослушан во полиција
Во Бањско поле пристигнаа инспектори од Белград
Полицијата ја однесе мајката на Данка Илиќ на местото каде што исчезнало детето за да го реконструира движењето