Криминалистичката служба на покраината Виена покренала истрага за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Бор, која наводно била видена во главниот град на Австрија, потврдија за дописникот на Косово онлајн од управата на полицијата во Виена.
„Српски државјанин кој живее во Виена, според неговите сопствени изјави, можеби го видел девојчето кое исчезна во Србија придружувана од две жени на трамвајска постојка во центарот на градот на 30 март околу 20 часот. Тој во врска со тоа ги контактирал српските власти кои се обратија до виенската полиција со барање за истрага“, се наведува во одговорот.
Виенската полиција го интервјуираше сведокот. Според извештаите, за исчезнувањето на детето дознал преку социјалните мрежи.
„Точните околности, особено дали навистина се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага што е во тек. Истрагата ја води Криминалистичката служба Виена“, се наведува во меморандумот.
Двегодишната Данка Илиќ од Бор исчезна во средата, а оттогаш српската полиција трага по неа.
‼️Амбасада 🇷🇸 моли да уколико на територији 🇦🇹 препознате несталу девојчицу Данку Илић (2) одмах јавите 🇷🇸 или 🇦🇹 полицији или на следеће ☎️ ⬇️
МУП 🇦🇹 133
Амбасада РС у 🇦🇹 +436677704145
МУП 🇷🇸 192Извор: https://t.co/Jp8yepLLnJ pic.twitter.com/Is2wKbw601
— Serbia in Austria (@SRBinAustria) March 31, 2024
Амбасадата на Србија во Австрија на социјалната мрежа „Х“ објави апел до граѓаните доколку на територијата на Австрија го препознаат исчезнатото девојче Данка Илиќ веднаш да ја известат Амбасадата, австриската полиција или Министерството за внатрешни работи на Србија.