Неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Подгорица од сите краеви на Црна Гора за да побараат оставка од црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, создавање на преодна влада и распишување на фер избори.
Опозицијата се обидува да влезе во парламентот на Црна Гора и извикува „Готов е“, и „Мило лопову“, а ја повикаа полицијата да ги фрли штитовите и да се приклучи на народот.
Претедателот на Работничката партија, Јанко Вучиниќ порача дека „Диктаторот мора да падне“.