ВИДЕО: Под куќи откриен голем подземен град

Од:

„Национал Географик“ пренесе дека градежни работници во тек на извршување на своите задачи, пронашле подземен град со голема мрежа на тунели, за кој се претпоставува дека би можел да потекнува од пред 5.000 години.

Настанот се случил во градот Невшехир во Кападокија, додека работниците копале под куќи, кои требало да ги урнат.

Научниците сметаат дека во тој подземен град можело да престојуваат повеќе од 20.000 лица и дека можеби станува збор за најголем таков град на светот.

Инаку според наводите градот се наоѓа на длабочина од стотина метри, а тунелите кои што се пронајдени се долги по неколку километри.

Градоначалникот на Невшехир, Хасан Унвер рекол дека ова неверојатно откритие ќе ја направи Кападокија туристичка дестинација и најавил изградба на музеј, галерија и туристички посети на подземниот град.

Инаку сето ова потсетува на пронаоѓањето на подземниот град Деринкуј, кој во 1963 година го открил еден Турчин додека го уривал ѕид на подрум.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ