Во пожарите низ Грција загинаа 20 лица, а само во изминатите 24 часа избувнаа 60 нови пожари.
Грчките пожарникари веќе петти ден се борат да ги сопрат пожарите, од кои најголеми се во Еврос, Александрополи и во шумата Дадија.
Како што јави Екатимерини, пожарите се уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици се во шумите во близина на Атина, во Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи на истокот од земјата.
Во Грција од саботата до вторникот изгореа 300 пожари, при што изгореа повеќе од 400.000 хектари земја.
Пожарот ги гори долните падини на планината Парните, најголемата шума што граничи со Атина, која неколкупати горела.
Хеликоптери постојано полеваат со вода на Парнит, за пожарот да не помине низ Националниот парк.
Илјадници луѓе во предградието на грчката престолнина Атина добија наредба да се евакуираат во вторникот додека пожарникарите се бореа со постојано растечкиот бран шумски пожари.
VIDEO: Wildfire inferno rages near Athens as Greece orders residents to evacuate pic.twitter.com/eFIT2zycAH
— AFP News Agency (@AFP) August 23, 2023
Цивилната заштита нареди евакуација на Ано Лиосија во северозападна Атина, област со повеќе од 25.000 луѓе, додека во соседната заедница Фили, репортерот на АФП видел куќи во пламен.
Волонтерите, исто така, евакуираа фарми од околните села.
Frantic rescue.@AFP's Angelos Tzortzinis photographs volunteers rescuing sheep from a burning farm during a wildfire in the village of Chasia, near Athens pic.twitter.com/3yF7wHVg27
— AFP News Agency (@AFP) August 23, 2023
На островот Евија, во близина на главниот град, властите го евакуираа индустрискиот град Неа Артаки доцна во понеделникот, каде пожарот ги оштети фармите.
Многу топли и суви услови кои ја зголемуваат опасноста од пожари ќе се задржат до петок, велат метеоролозите.
На социјалните мрежи се споделуваат снимки на кои се гледа како изгледа грчката престолнина опкружена со чад и пепел, а сцените се како од научно-фантастични филмови.
Противпожарната единица вчера уапсила четири лица под обвинение за подметнување пожар и тоа намерно и уште две поради невнимание.
Две лица обвинети за намерно палење се уапсени во Кефалонија и Загора, Јанина.
Чадот се проширил на Халкидики и околните острови, а вчера бил толку густ што небото станало портокалово, што го виделе многу луѓе кои летуваат во тие популарни одморалишта.