ВИДЕО: Падна првата жртва, ТВ коменатор суспендиран поради изјава на отворањето на ОИ во Париз

Од:

Имаше различни реакции за отворањето на Олимписките игри во Париз, а веста за најконкретните последици доаѓа од Полска. Телевизиски коментатор беше суспендиран поради исмејувачки коментар за време на церемонијата.

На свеченото отворање, пејачкаta Џулиет Арманет ја отпеа песната на Џон Ленон Imagine со придружба на пијано. Овој хит на легендарниот пејач на Битлси се смета за неофицијална олимписка химна.

Додека песната траеше, коментаторот Пшемислав Бабијарц рече: „Свет без рај, нација и религија. Ова е визија за мир што треба да важи за сите луѓе. За жал, тоа е визија на комунизмот“.

Набрзо стигна и реакцијата на Телевизија Полска: “Взаемно разбирање, толеранција, помирување – тоа не се само основни олимписки идеи, тие се и основата на стандардите кои ја водат полската телевизија. Немаме разбирање за оние кои ги прекршуваат. Сакаме да Ве известиме дека по вчерашните скандалозни зборови Пшемислав Бабијарц е суспендиран од службените должности и веќе нема да биде коментатор за време на Олимписките игри“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Верижна сообраќајка на автопат во Полска, се запалиле автомобили, четворица загинати и 12 повредени

Туск предупреди дека иднината на демократијата во ЕУ зависи од одговорот на миграцијата

Горан Наумовски

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски