ВИДЕО: Осми ден потрага по двегодишната Данка Илиќ

Од:

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која минатиот вторник исчезна во Бањско поле кај Бор, влегува во осмиот ден. Проширена е истрагата на територијата на Србија. Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако се појави видео од Виена. Амбасадата на Србија ги повикува сите кои ќе го препознаат исчезнатото девојче во Австрија да пријават во полиција.

Во Бањско Поље кај Бор, каде исчезна двегодишната Данка Илиќ, полицијата се уште го пребарува теренот. Полициски патроли се уште се пред куќата во која исчезна детето.

Во претходните седум дена специјалистички екипи на МУП ја пребараа околината на куќата, а беше претресена и дива депонија на стариот бањски пат.Се претресуваат и куќите на оние лица кои не живеат таму.

Хеликоптери МУП го надлетуваат поширокото подрачје на исчезнувањето на девојчето.

Специјалистички екипи на МУП ја пребараа околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, шумите и не пронајдоа траги кои би укажале дека девојчето е таму.

Во исто време истрагата се прошири и во Австрија, Интерпол распиша жолта потерница. Србин кој живее и работи во Виена на улица во австриската престолнина снимил две жени со мало девојче кое личи на двегодишната Данка. Криминалната служба на покраината Виена започна истрага.

Амбасадата на Србија во Виена апелираше до граѓаните доколку ја препознаат исчезнатата Данка Илиќ на територијата на Австрија веднаш да ја известат српската или австриската полиција.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка