ВИДЕО: Огромни колони кон Нови Сад, граѓаните во поддршка на студентските блокади

Од:

Голем број граѓани на Белград и други градови изутрината со автомобили тргнаа кон Нови Сад за да им дадат поддршка на студентите и нивните барања, поради што сообраќајот беше забавен на некои делови од автопатот. Пред наплатната рампа кај Нови Сад автомобилите зазедоа километри од автопатот, чекајќи во две редици да се приближат до рампата и да влезат во Нови Сад. Според Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, на патарината во Нови Сад, доцнењето на плаќањето на возилата на патарината нешто пред 13 часот изнесувало 20 минути.

Во Нови Сад во 15 часот е предвидено да започне протест со блокада на сите три моста по повод 3 месеци од уривањето на настрешница на Железничката станица, при што загинаа 15 лица.

Во организација на новосадските студенти, на кои им се придружија колегите од Белград кои во петокот навечер пристигнаа пеш или со велосипед, три часа ќе бидат блокирани сите три моста, а од 18 часот блокадата ќе продолжи на мостот Слобода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студентите ја засилуваат блокадата: Работиме во најтешки услови, реагираше РТС

ВИДЕО: Четврти ден блокада, студентите остануваа пред РТС и за Велигден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Студентите ја блокираа РТС, ќе останат неодредено

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек „како во Србија“ за студентите на велосипеди во Штутгарт

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани

ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур