ВИДЕО: Нови детали за несреќата во Белград, меѓу повредените и две деца

Од:

Вкупно 15 лица се повредени, соопшти Првото основно обвинителство во Белград, а според службите за итни случаи, меѓу повредените има и две деца, кои се пренесени во болницата на улицата Тиршова.

Како што истакнуваат, трамвајот удрил во блиска зграда, при што за жал се повредени неколку патници, како и возачот на трамвајот.

„Според досегашните информации, најголемиот број повреди се од полесен карактер, додека кај двајца патници се утврдени потешки физички повреди во форма на скршени екстремитети“, се наведува во соопштението на ГСП.

Според прелиминарните информации и досегашните сознанија, постојат индикации дека една од можните причини за настанот би можел да биде човечкиот фактор, односно несоодветна брзина на возилото при минување низ преминот, како и проверка на положбата на самиот премин, соопшти Гратското сообраќајни претпријатие.

„Конечната причина и сите релевантни факти ќе бидат утврдени по завршувањето на постапката и стручната анализа. Изразуваме искрено жалење за повредите на патниците и возачот и им посакуваме на сите брзо и успешно закрепнување“, се наведува во соопштението на ГСП „Белград“.

Според очевидци за „Блиц“, виделе некои патници како скокаат од прозорците на трамвајот, кој се навалил на страна за време на ударот. Лекарите од Одделот за итни случаи ги донеле некои од повредените на носилки во медицинската установа.

Би можело да ве интересира

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Почина човек на Ада Циганлија во Белград

А1он

Екс кошаркарот Милан Гуровиќ спаси човечки живот за време на пожар среде улица

А1он

Тело на Русинка пронајдено во куфер во канал во предградие на Белград

А1он

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски

Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Горан Наумовски