ВИДЕО: Во Истанбул изгореа неколку автомобили, наводно се чуле експлозии

Од:

Вечерва во Истанбул во квартот Фатих изгореа три автомобили. Според првите информации нема загинати и повредени, а нема ниту информации дали се работи за поставена бомба.

Пожарот е изгаснат со брза интервенција на истанбулските пожарникари. Локалната новинска агенција DHA јавува дека автомобилот ненадејно се запалил, по што се слушнале звуци на експлозија. Најверојатно се работи за механички дефект или нешто друго, велат од таа агенција.

За потсетување, осум лица загинаа, а повеќе од 80 беа ранети во неделата во експлозија на авенијата Истиклал, популарна туристичка дестинација со бројни продавници и ресторани, во близина на плоштадот Таксим во Истанбул. Едно лице е уапсено, осомничено дека поставило бомба.

Би можело да ве интересира

Денеска уште еден силен земјотрес регистриран во Истанбул

Горан Наумовски

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

ВИДЕО: Истанбул повторно се тресе, повеќе од сто земјотреси, стотици повредени

Предраг Петровиќ

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул