Бура предизвика поплави во одредени делови на Рисан и Будва, а помала штета е нанесена и во Подгорица.
Во Будва голем број автомобили останаа заглавени во вода, јавуваат црногорски медиуми.
Поради поројните дождови и зголеменото ниво на водата во некои делови на градот поединечни патишта се поплавени и непроодни.
Во Подгорица штета предизвика силниот ветер, кој корнеше стебла, додека дожд врнеше со послаб интензитет.