(ВИДЕО) Немири на универзитетот во Нови Сад: „Ни фрлија експлозивна направа“

Од:

Утринава се случи инцидент пред зградата на Ректоратот во Нови Сад, Србија. Имено, денеска треба да почнат изборите за Студентски парламент на Филозофскиот факултет во овој град. Студенти од групата СТАВ рано утринава се собраа пред Ректорат за да спречат ново гласање, јавува 021.rs. Како што соопшти здружението „Став“ на социјалните мрежи, кон нив била фрлена експлозивна направа околу 5.30 часот.


Пред зградата има група мажи облечени во црно и не ги пуштаат студентите да влезат во Ректоратот.

Во меѓувреме спроти Ректоратот застанаа двајца млади кои го раширија транспарентот „Усташки став“. Според студентите, тие држеле транспарент и ја снимале толпата, а полицијата која била присутна игнорирала се.

„Директно легитимизираат физичко насилство што може да се случи, или веќе се случило. Уште пофасцинантно е што има шест полицајци кои не реагираат, се игнорираат. Полицијата не реагира иако ние им кажавме дека заканите се директно насочени кон нас“, изјави студентот Дејан Багариќ.

Студентите на СТАВ летово го блокираа Ректоратот за да го спречат одржувањето на избори бидејќи сметаат дека избори може да се организираат само во зградата на факултетот. За време на двонеделниот протест тие закачија транспаренти со критики на ректорот Дејан Мадиќ на зградата на Ректоратот, а мотото на блокадата беше „Еден список не е избор“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во универзитетски кампус во Флорида, има неколкумина повредени

А1он

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Судот донесе одлука за обвинение за уривање на настрешница во Нови Сад

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски