(ВИДЕО) Народот го урна Милошевиќ на 5. Октомври 2000

Од:

На 5-ти Октомври пред 13 години, народот во Србија му пресуди на Слободан Милошевиќ.
На демонстрациите пред 13 години, народот стави крај на владеењето на Слободан Милошевиќ. Истиот народ кој го донесе на власт.

По неколку денови протести низ Србија, со кои се изразуваше револтот и не се признаваа резултатите од претседателските избори, 5 октомври 2000 на улиците на Белград се собраа стотици илјади луѓе од цела Србија.

За време на судирот помеѓу полицијата и демонстрантите се употреби и огнено оружје. Командантот на Белградската полиција околу 17 часа побара разговор со претставници на ДОС. Околу 18 часа членови на полициската станица го оставија оружјето и се приклучија на демонстрантите.

Полицијата употреби солзавец во близина на Радио-телевизија Србија. Зградата на РТС наТаковска улица беше запалена , РТС престана за извесно време да емитува програма.

Народот влезе во Сојузното собрание.

Воислав Коштуница на 7 октомври 2000 положи свечена заклетва пред пратениците на Сојузното собрание , со што стана прв демократски претседател на СРЈ.

Слободан Милошевиќ во април 2001 е уапсен за проневера , а два месеца подоцна беше екстрадиран во Хаг , каде што му се судеше за геноцид во Босна , воени злосторства и злосторства против човештвото во Хрватска и Косово.

Поранешниот претседател на СРЈ и Србија почина на 11 март, 2006 година од срцев удар во неговата ќелија во Шевенинген.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ