Пожарот што го зафати грчкиот остров Родон и натаму е надвор од контрола. Стотици пожарникари од земјата со помош на летала од земјите од ЕУ се обидуваат да го стават под контрола. Денеска е особено тежок ден поради екстремн високите температури влеат властите.
„Моравме да евакуираме област од 30.000 луѓе“, изјави портпаролката на грчката полиција Константија Димоглиду за АФП, додавајќи дека сè поминало без проблеми.
„Ова е најголемата евакуација од пожари во историјата на Грција“, рече таа.
Полицијата соопшти дека по копно преселила 16.000 луѓе, по море 3.000, а останатите со свои возила го напуштиле Родос.
Јоргос Хаџимаркос, регионалниот гувернер, рече дека тековната операција била забавена поради пожарите кои пресекоа некои патишта.
„Нашата цел е да заштитиме човечки животи“, рече гувернерот. Туристите и некои локални жители се преместени во спортски сали, училишта и конференциски центри на островот и ќе останат таму во текот на ноќта додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарот.
Евакуираните туристи биле сместени на три фериботи закотвени во пристаништето Родос. Во евакуацијата учествуваат локалните власти, крајбрежната стража и армијата. Во гаснењето на пожарот на Родос се вклучени околу 200 пожарникари и пет хеликоптери.
Во моментов се води битка за гаснење на пожарите во Лаермонт и Лардос. Во внатрешноста на островот пожарот стигнал до градот Лаерма каде горат куќи и црква.
The Greek government declared that Rhodes evacuation (due to out-of-control wildfire) is the largest in the country's history 🇬🇷
📹 Via @TheInsiderPaperpic.twitter.com/ELIRqqsseY
— Scott Duncan (@ScottDuncanWX) July 23, 2023
Во големата и масовна евакуација на туристички места во источниот и југоисточниот дел на грчкиот остров Родос, засега, според информациите од Атина, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од нашата амбасада во Атина.