ВИДЕО: На српски министер му се слоши во живо на ТВ, во тешка состојба е

Од:

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ му се слоши утрово за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк. Емисијата беше нагло прекината, а подоцна беше потврдено дека доживеал тежок мозочен удар.

Министерот за здравство Златибор Лончар потврди дека Глишиќ имал мозочен удар и е во сериозна состојба.

„Му се слошило за време на ТВ емисијата, бил донесен во несвест, дијагностиката е во тек, вклучена е и терапија… Она што засега е познато е дека е во сериозна состојба. Важно е што се вратил од настанот, односно од мозочниот удар, на време, првите неколку часа се клучни“, рече Лончар

Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата Пинк, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. Водителите неколку пати го прашаа дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.

Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде набрзо пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.

Дарко Глишиќ е министер во Владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски