ВИДЕО: Морето ги проби крајбрежните бариери во Измир, ветрот носеше покриви на куќи во Истанбул

Од:

Улиците и зградите во Измир се поплавени поради подигнувањето на нивото на морето кое ги проби крајбрежните бариери по невремето, изјави денеска градоначалникот Тунч Сојер, а невремето го зафати и Истанбул каде силните ветрови ги кренаа покривите на куќите.

Видеата и фотографиите покажуваат потопени продавници додека пожарникарите се обидуваат да ја испумпаат водата. Државната новинска агенција Анадолу јавува дека поради водата што го поплавила локалниот бар, таму останале заробени група музичари. Спасувачите со гумени чамци ги донеле на безбедно.

Сојер посочува дека климатската криза го погодила и Егејското Море. Регионот е загрозен од екстремни горештини и суша, како и поплави предизвикани од врнежите и зголемувањето на нивото на морето. Силно невреме го погоди и Истанбул, каде силните ветрови ги кренаа покривите од куќите, но нема повредени или жртви, јавува агенцијата DHA.

Турскиот метеоролошки институт денеска предупреди на лоши временски услови во повеќето од 81 провинција во земјата. Во понеделник се очекува смирување на временските проблеми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски