На граничен премин во Босна и Херцеговина момче снимило и објавило на ТикТок расправија со полицаец кој од него бара ковид-тест.
Момчето во видеото му најавува на полицаецот дека ќе стане популарен затоа што видеото ќе биде објавено на социјалните мрежи.
„Ми бараш ковид-тест, а не носиш маска“, вели момчето во видеото, а полицаецот го прекорува да престане да снима и се обидува насилно да му го одземе телефонот.
@krisxkris_2k21 Užas
Видеото досега има повеќе од 45.000 прегледи, а коментарите на оние кои го виделе се поделени. Некои го бранат полицаецот и го осудуваат момчето дека го испровоцирало инцидентот, додека други го поддржуваат.