(ВИДЕО) Момче (14) пропадна низ покривот на поранешна фабрика во Белград – има тешки скршеници

Од:

Денеска околу 15 часот, се случи несреќа во Нов Белград во зградата на поранешната фабрика ИМТ, повредено е 14-годишно момче, пишуваат српските медиуми.

Момчето, заедно со своите врсници, си играше на покривот на зградата, па во еден момент падна од висина од околу четири метри.

На местото веднаш се испратени полицијата и пожарникарите-спасувачи, кои интервенираа и го извлекоа повреденото момче.

Тој се здоби со скршеници и итно е префрлен во Заводот за мајка и дете, каде што му е укажана медицинска помош.

Истрагата е во тек, а надлежните органи ги утврдуваат сите околности на овој настан.

Би можело да ве интересира

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

(ВИДЕО) Изгорени десет автомобили во Нов Белград, се истражува дали пожарот е подметнат

Горан Наумовски

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Почина човек на Ада Циганлија во Белград

А1он