Митрополитот на Црногорската православна црква Михаило Дедеиќ два пати удри постара жена во пределот на лицето, прво во моментот кога таа му застана на патот, а втор пат кога поминуваше покрај неа.
Инцидентот се случи непосредно пред Јавната расправа за Нацрт законот за верските слободи што денеска требаше да се одржи во Котор.
На снимката се слуша дека насобраните граѓани се нафрлија со погрдни зборови кон владиката Михаило.
Тие му викаа “Замини Сатано“. Тој замина кога дел од насобраните граѓани му ја затворија капијата на влезот во палатата Бизанти.