ВИДЕО: Мигрант пукал на полицијата во Босна, убиен е

Од:

Полицијата на Република Српска синоќа уби мигрант недалеку од Невесиње, во источна Херцеговина, кој со огнено оружје пукаше кон полициските сили и локалните жители.

Полициската управа Требиње соопшти дека околу 23 часот убиле мигрант во напуштена куќа каде што се забарикадирал. Полицијата во попладневните часови се обидела да го приведе откако поради кражба се степал со маж во Невесиње.

Кога дошле пред куќата во која нелегално престојувал неколку дена, мигрантот отворил оган кон полицајците со два вида огнено оружје и фрлил бомба.

Никој од полицајците не е повреден. Мигрантот бил убиен откако повеќе пати одбил да се предаде.

Би можело да ве интересира

Уапсен министерот за безбедност на Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Драматично во Босна, градови и села со денови се отсечени поради снегот

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски