Против хрватската пејачка Јосипа Лисац е поднесена кривична пријава поради начинот на кој ја извела националната химна на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Пријавата е поднесена од адвокатот Бошко Жупановиќ, кој изјави дека „химната на Република Хрватска е изведена на подбивен и омаловажувачки начин“ и дека Јосипа Лисац на тој начин извршила кривично дело кршење на угледот на Република Хрватска со „користење подбивни артикулации и тоналитети“.
„Не сакам внимание на медиумите. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е само исмејување и дека не соодветствува за никаков настан, а не на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател”, рече Жупановиќ за Индекс.хр.
Тој додаде дека ја напишал пријавата затоа што сметал дека тоа е негова граѓанска должност.