ВИДЕО: Колубија бара објаснување од Србија за апсењето на професор од оваа земја

Од:

На социјалните мрежи се појави информација дека Мигел Анхел Белтран Вилегас, колумбиски професор кој бил поканет да учествува на 58-от Конгрес на американисти во Нови Сад, е приведен во Белград.

Здружението „Хорхе Адолфо Фрајтер Ромеро“ (AJAFR), кое е основано како одговор на кршењата на човековите права на универзитетите и прогонот на критичкото мислење во Колумбија, го објави ова.

„На 29 јуни 2025 година, професорот Мигел Анхел Белтран Вилегас од Националниот универзитет во Колумбија и професорката Наталија Карусо од Националниот педагошки универзитет, заедно со нивните две малолетни деца, беа жртви на произволно притворање на аеродромот во Белград“, соопшти здружението.

Тие, исто така, го објавија сведоштвото на професорот Белтран за тоа низ што поминал во Србија. Тој рече дека српските власти неправедно го обвиниле за тероризам, без никаква правна постапка. Здружението ги повика меѓународните организации за човекови права веднаш да интервенираат за да ја гарантираат безбедноста на професорот и почитувањето на неговите основни права.

Српските власти сè уште не објавија дали Белтран навистина е приведен. Колумбискиот претседател Густаво Петро, ​​исто така, го коментираше случајот.

„Целосно го отфрлам она што му се случи на професорот Белтран во Белград. Српската влада мора да ѝ објасни на Колумбија зошто ги притвора нашите интелектуалци. Но, уште полошо, апсењето на професорот Белтран покажува постоење на црни листи на меѓународните царини, профилирани според политичко мислење.

Овие црни листи на Колумбијци профилирани според нивното политичко мислење може да доаѓаат само од колумбиската влада и претставуваат јасно кршење на човековите права што мора да се истражи и запре. Затоа го отфрлам секој пренос на биометриски податоци на Колумбијците во странски земји“, напиша Петро на X.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со марици во полна брзина на граѓаните, полицијата во Белград ги пробива блокадите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вучиќ апси, испрати полиција да ги растура блокадите, студентите не се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

Најмалку седум лица загинаа во серија експлозии во југозападна Колумбија

ВИДЕО: 15-годишник застрела во глава претседателски кандидат во Колумбија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Заечар и Којсериќ – локални избори како референдум во Србија

ВИДЕО:Тензично пред судот во Нови Сад, повторно судир на демонстрантите и полицијата

Катерина Ѓуровски