ВИДЕО: Киднапирана ќерката на бугарскиот „крал на кокаинот“

Од:

Десетгодишната ќерка на Евелин Банев, наводниот шеф на мрежа за трговија со дрога од Латинска Америка во Европа е киднапирана изутринава во Софија, соопшти полицијата.

Тројца маскирани мажи со огнено оружје во луксузно предградие на Софија го нападнале автомобилот со кој девојчето одело на училиште. Возачот е пренесен во болница откако бил погоден со огнено оружје, јави полицијата.

Киднапирањето е прв случај од овој вид во Бугарија од 2009 година, по серијата од 14 киднапирања, што беше прекинато по откривањето на криминална група од десет лица.

Евелин Банев (47) во Бугарија е познат како „крал на кокаинот“. Тој е осуден на 15 февруари во Софија на седум и пол години затвор за перење пари во вредност од околу 11,86 милиони евра.

Банев во март треба да биде пренесен во Италија, каде ќе му се суди за недозволен увоз на наркотици од Латинска Америка.

Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека Банев заедно со уште пет члена на криминална група учествувале во меѓународна мрежа што илегално пренела 40 тони дрога од Латинска Америка во Европа во периодот меѓу 2004 и 2007 година.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме