ВИДЕО: Како е спасен најважниот српски рудник во поплавите?

Од:

Поплавите кои изминативе денови создадоа пустош во Србија, не го заобиколија и најголемиот рудник за јаглен „Колубара“.

Како што оцени српскиот министер за енергетика, Александар Антиќ, рударскиот басен „Колубара“ претрпе штета од најмалку 100 милиони евра, но за само една недела застој, храбрите и вредни работници го обновија производството и пратија вагони со јаглен за потребите на термоцентралата „Никола Тесла“ во Обреновац.

Како што пренесе српски „Телеграф“, нивна екипа го посетила јагленокопот и разговарале со работниците, кои биле на своите работни места и се бореле со водената стихија за да го спасат од поплавите.

kolubara

Со натчовечки сили како што вели еден од вработените, работниците со помош на војската и полицијата успеале во кобната ноќ да сочуваат поголем дел од инструментите, кои им се потребни за работа и во рекорден рок да направат да тргне првиот воз со јаглен за ТЕНТ.

kolubara1

-Водата навлезе во рудниците, но со брани, пумпи, со помош на војската, полицијата и храбрите луѓе успеавме да изградиме насипи и да ја намалиме штетата. Најважно е што ја сочувавме Колубара, иако опасноста беше голема-вели четириесетгодишен рудар.

kolubara2

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ