ВИДЕО: Хрватската министерка Жалац, по скандалот со плачење понуди оставка

Од:

Хрватската министерка за регионален развој и ЕУ фондови, Габриела Жалац, која немаше возачка дозвола во моментот кога со своето возило удри во дете, понуди оставка.

Таа со плачење изјави дека поднесува оставка, и дека нејзината возачка дозвола истекла во јуни 2016 година, но таа вели не забележала и не знаела за тоа.

„До премиерот в саботата поднесов оставка. Возев можеби 30, 40 на час. Јас сум во состојба на шок. И најважно од се сега ми е што детето е во добра состојба“, додаде министерката.

Сега се очекува со изјава да излезе и хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, кој ќе треба да каже дали ја прифаќа или не оставката на министерката Жалац.

Би можело да ве интересира

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Пленковиќ: Владата ги заштити граѓаните од високите цени

ВИДЕО: Во Хрватска бојкот на продавниците поради превисоките цени

Катерина Ѓуровски

Хрватското МНР им препорачува на Хрватите да не патуваат во Србија

А1он

Нема опасни препарати во зелката која од Хрватска беше вратена во Македонија