Видео: Хрватска е во пламен

Од:

На десет места во Хрватска дивеат пожари, од кои дeвет на самото крајбрежје.

Пожарот, густиот чад и бурата која од синоќа дивее го имаат блокирано сообраќајот на најголемиот дел од јадранската магистрала.

Силниот ветер цела ноќ им ја отежнувал работата на пожарникарите. Под налет на ветерот, огнот се префрлувал со голема брзина од една на друга локација. Како што известуваат хрватските медиуми на ниту една од локациите не се во опасност домовите на жителите ниту туристичките населби. На помош во совладување на огнената стихија, на пожаникарите им пристигна и војската.

Гори на островот Мљет, каде шесте последователни удари од гром предизиикаа пожари кои се ставени под контрола, но не можат да се локализираат во последните 48 часа. Според началникот на полицијата изгорени се четри хектари борова шума, но населението и туристите од оваа позната туристичка дестинација не се загорзени.

Гори и на островот Раб, и близу Пула, огнена стихија е забележана и кај Задар, близу Дубровник и во подрачјето на Книн.

Дополителни проблеми за пожарникарите прави и ветерот кој со голема брзина дува, но и поради кој на поголемиот дел од јадранската магистрала има забрана за движење на автобуси на кат, автомобили со камп –приколоки и моторцикли.

На делови на Хрватска ограничувањето на бризината на возење поради големите ветришта е намалено а 40 километри на час.

Она што зачудува е изјавата на командирот на противпожарната ескадрила Давор Турковиќ, според кој дури во 99 отсто од поажарите причина за нивно избувнување е човечкиот фактор.

„Дел од невнимание, но дел и со сигурност се подметнати, бидејќи се избувнати на локации каде буквално нема ништо. Во близина нема пат, пруга или куќи“ изјавил Турковиќ.

Најстрашно во последата седмица беше близу градот Црквеница и автокапмот Селце. Каде огнената стихија се закануваше дека ќе ги голтне домовите и туристичките наслеби. Илјадници гости беа евакуирани до автокапмпот „Селце“ и уште петстотини од кампот „ Клуб Адријатик“. Пожарите беа локализирани, а за среќа повредени немаше.

Би можело да ве интересира

Изгаснат пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“

Катерина Ѓуровски

Пожар во магацин на Железници Транспорт

Катерина Ѓуровски

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Изгаснат e пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир

Голем пожар во американска воена база